Фудбалскиот клуб Болоња, денеска го продолжи договорот со својот тренер Винченцо Италијано, по одличните настапи на клубот во последната сезона во Серија „А“ во која тимот го освои Купот на Италија.
Италијано беше посакуван од неколку клубови, меѓу нив најзаинтересиран беше Милан, но тренерот се одлучи да остане дел од сегашниот тим.
„Многу сме среќни што го продолживме договорот со Винченцо Италијано. Како што рековме претходно, ова отсекогаш била наша намера и заедно сме подготвени за предизвиците што нè очекуваат следната сезона“, изјави извршниот директор на Болоња, Клаудио Фенучи.
Сега Милан е најблиску до враќање на Масимилијано Алегри, кој во секој момент треба да го има својот официјален „кам-бек“ на „Сан Сиро“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

