Миљана Ристиќ го урна македонскиот рекорд на 3.000 метри стиплчес

Maкедонската атлетичарка Миљана Ристиќ Стојчевска денеска на државното поединечно првенство во атлетика кое се одржа на арената „Тодор Проески“ во Скопје го урна националниот рекорд на 3.000 метри стиплчес со време од 11:58.61 минути.

Со ова достигнување Ристиќ-Стојчевска го надмина досегашниот рекорд за единаесет секунди 12:09.82 минути кој беше поставен далечната 1995 година од страна на Марија Стојановска исто така во тоа време член на АК Делта.

 

Се вчитува...