Црвена Звезда забележа значајна победа во Евролигата откако вечерва на гостински терен славеше над Милано со 79-87. Ова беше само продолжување на успешната серија, со оглед на фактот дека белградските „црвено-бели“ ги имаа добиено досегашните пет пресметки со италијанскиот гигант, за денеска да стигнат и до шестиот триумф над овој ривал.
Милано ја доби само првата четвртина со 23-18, во останатите три подобри беа гостите од Србија, кои заслужено се враќаат дома со голема победа. Лојден со 17 и Волден со 15 поени беа најефикасни при овој триумф, додека прв стрелец на Милано беше Мицов со 13 постигнати поени.
Реал Мадрид полесно од очекувањата го совлада тимот на Макаби со 79-63. „Кралевите“ ја добија првата четвртина со 29-18 и потоа до крајот не им дозволија на гостите од Израел да се вратат во натпреварот. Дек со 16 и Рендолф со 15 поени беа најефикасни кај Реал Мадрид, а добар меч одигра и Кампацо, кој реализираше девет поени со дури 12 асистенции.
Алба по огромна битка го совлада тимот на Асвел со 76-75, благодарение на тројката на Сила на две секунди до крајот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА