Новиот тренер на двократниот европски шампион, Вардар Гиљермо Милано пристигна во Скопје и веќе ги води тренинзите на скопскиот клуб.
Милано имаше неколку тренинзи со тимот и лично се запозна со секој од ракометарите. Екипата тренира во „Јане Сандански“, а поштеда имаат само неколкумина ракометари кои се жалат на ситни повреди, пренесуваат од тимот.
Милано треба да дебитира на клупата на „црвено-црните“ во сабота на мечот против Струга од 11 коло на Супер лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА