Тимот на Милано со пресврт во второто полувреме, го порази Партизан сред Белград. Италијанскиот тим губеше по првиот дел со осум разлика, но одличниот старт во вториот дел придонесоа да дојдат до „егал“, а потоа полека да го градат водството, за на крај да дојдат до победа од 75-80. Клучна за победата беше третата четвртина која Италијанците ја добија со 21-12.
Најефикасен на мечот беше Шилдс за кој Партизан немаше решение, и постигна 25 поени. ЛеДеј за Партизан уфрли 23 поени. Ова беше трет пораз на Партизан во третиот меч во Евролигата.
Трет пораз во третиот меч запиша и екипата на Баерн Минхен, која на свој терен беше поразена од Барселона. „Каталонците“ се „мачеа“ само во првиот период кој заврши со „егал“, а потоа ја направија разликата во втората, особено во третата четвртина за конечна победа од 73-84. Најефикасен кошаркар беше Рубит од Баерн со 19 поени, а Арбинес кај Барселона постигна 14, заедно со Лапровитола.
Макаби Тел Авив со прекрасна игра во последната четвртина, триумфираше над Монако со 78-70.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА