Ракометарите на Вардар се првиот патник во финалето на фајнал-фор турнирот од Купот на Македонија откако во трилер меч по изведување на пенали славеше над Алкалоид со 32-31.
Тренерот на Вардар, Гиљермо Милано по мечот вели дека е горд на неговите ракометари, бидејќи Алкалоид го има најдобриот голман за пенали.
„Честитки до мојот тим за оваа голема победа, тие направија ова да е возможно. Сега малку ќе уживаме во хотелот, да видиме кој ќе ни биде ривал. Во моментот кога ќе заврши второто полуфинале ќе почнеме да размислуваме за утрешниот натпревар. Во последната акција судиите си ја завршија својата работа, мораа да погледнат снимка и го исклучија Борозан. Сепак, потоа во пенал-серијата покажавме карактер. Алкалоид го има најдобриот голман за седмерци во лигата, па да ги победиш е многу тешко. Моите ракометари покажаа темперамент и мирна глава, па многу сум горд на нив“, изјави Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

