Милано и Димитријевиќ убедливо поразени од Фенербахче, Црвена Звезда „демолирана“ од Баерн

Олимпија Милано забележа нов пораз во Евролигата, овој пат во 28. коло пред своите навивачи од големиот фаворит Фенербахче од 76-100.

Од самиот старт на мечот гостите јасно дадоа до знаење дека се цврсто решени за триумф, добивајќи го првото полувреме со убедливи 37-53. Потоа, се беше само рутина во второто полувреме за одржување и зголемување на предноста до конечната победа.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ за десет минути на паркетот кај Милано заврши со два постигнати поени, две асистенции и еден скок. Најефикасен кај Олимпија Милано беше Шилдс со 17 постигнати поени, а МекКалум беше најдобар поединец кај Фенербахче со 18 поени.

Црвена Звезда доживеа убедлив пораз од 100-82 од Баерн на гостувањето во Минхен. Едвардс со 30 поени и четири асистенци ги водеше Германците до победата, а Боломбој со дури 19 скока и 12 поени беше најзабележителен поединец кај Црвена Звезда.

Се вчитува...