Милано и Кортина д’Ампецо ќе бидат домаќини на Зимските олимписки игри во 2026 година. Другиот кандидат за Игрите беше Стокхолм, но беше поразен во трката. Италија по четврти пат ќе организира Олимписки игри.
Кортина д’Ампецо беше домаќин на ЗОИ во 1956 година, четири години подоцна Рим ги организираше Летните Олимписки Игри, а Торино беше организатор на ЗОИ во 2006 година.
Планирани се три олимписки села во Милано, Кортина и Ливињо. Според планот на кандидатурата, натпреварите на затворено ќе се одржат во Милано, а на отворено во Кортина и во Вал ди Фиеме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА