Милано ја прегази Болоња за шампионската титула во Италија

Олимпија Милано ја освои 29. титула на домашната сцена откако во финалната серија против Виртус Болоња славеше со вкупни 4-2.

„Манекените“ во натпреварот број шест одиграа одлично во одбраната, го своедоа противникот на 49 постигнати поени за 38 минути игра и сосема заслужено го одбранија домашниот тим (81-64), не дозволувајќи „мајсторка“.

До победа „црвено-белите“ ги предводеше Луиџи Датоме со 23 поени и 4 скока, додека Шилдс забележа 15 поени и 4 скока. Со 11 поени и 5 скока лидер на Вирутс беше Алибеговиќ, додека Манион мечот го заврши со 10 поени и 3 асистенции.

Се вчитува...