Милано продолжува да тоне: Тимот на Димитријевиќ се врати од „минус“ 16, но залудно

Олимпија Милано го забележа третиот пораз во низа во италијанското првенство откако загуби на гостувањето кај Варесе со 94-92 во драматична завршница и покрај тоа што во еден момент од мечот имаше негатива од 16 поени.

Милано имаше резултатска негатива од самиот старт на средбата, а во третата четвртина таа изнесуваше и највисоки 68-52. Но, како и на евролигашкиот дуел против Барселона, избраниците на Месина покажаа карактер, се вратија од двоцифрената негатива на негатива од само еден напад во последните 10 минути па дури и приредија неизвесна завршница.

Сепак залудно бидејќи Болмаро промашу шут за три поени со кој Милано ќе славеше со истекот на времето.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра 17 минути на денешниот натпревар реализирајќи 10 поени од кои седум од линијата за слободни фрлања. Притоа додаде и два скока и една асистенција.

Се вчитува...