Милано се препороди по заминувањето на Еторе Месина

Кошаркарите на Милано се вратија на победите во Евролигата, откако во првиот натпревар од денешната понуда од 13. коло од новата сезона славеа против Макаби Тел Авив во Белград со убедливи 88-102.

Ова беше првиот натпревар за италијанскиот гигант по заминувањето на легендарниот Еторе Месина на кого овој мандат во Милано нема да остане нешто запаметен. „Манекените“ уште од самиот старт го контролираа мечот и на крајот стигнаа до заслужена победа.

Шавон Шилдс со 26 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Лони Вокер постигна 21 поен.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...