Милано се засилува со еден од најдобрите центри во Евролигата

Олимпија Милано во сезоната 2025/26 ќе биде дополнително засилена за еден од најдобрите центри во Евролигата, искусниот Американец Девин Букер, пренесува специјализираниот сајт за кошарка „Баскет Њуз“.

И покрај тоа што има 34 години Букер прикажа неверојатна игра во дресот на Баерн Минхен, предводејќи го германскиот состав до плеј-инот во најсилното европско кошаркарско првенство со просек од 15 поени и пет скокови при одлична реализација од 59 отсто за два поени и 40 отсто зад линијата 6,75.

Покрај за Баерн Минхен, Букер во текот на кариерата настапуваше и за Нанси, Бург, Шалон, Химки и Фенербахче.

Се вчитува...