Милано смени тренер и се препороди – падна и Реал Мадрид

Откако го смени Еторе Месина од кормилото, тимот на Олимпија Милано ја запиша и втората победа по ред во Евролигата. Откако го совладаа Панатинаикос во минатото коло, вечерва италијанскиот тим на домашен терен го урна и Реал Мадрид со 89-82.

Мечот во голем дел беше решен по првиот дел, кога Милано с естекна со убедлива предност, но „кралевите“ успеаја да се доближат, но не и да направат целосен „кам-бек“. Во еден миг шпанскиот тим стигна до -4, меѓутоа домашната екипа најде сили да направи одново голема разлика, која беше недостижна.

Гудуриќ кај победничката екипа беше најефикасен со 22 поени, додека Кампацо кај Реал Мадрид уфрли 25, но немаше поддршка од останатите соиграчи.

Се вчитува...