Кошаркарите на Милано ја добија дерби пресметката од 29. коло во Евролигата, триумфирајќи на гостински терен против ЦСКА Москва со 76-84.
Милано целата задача на натпреварот си ја заврши по првата четвртина која ја доби со неверојатни 20 поени разлика, 10-30. Се понатака беше само одржување на предноста.
Иако домашните со поквалитетна игра се обидоа во последниот период од играта да дојдат до пресврт, сепак гостите не го дозволија тоа.
Најефикасен во победничкиот тим беше Кевин Пунтер со 32 поени, а кај домашните не помогнаа ниту Мајк Џејмс со 21 поен и Шенгелија со 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА