Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ ја запиша и петтата победа во Евролигата со екипата на Олимпија Милано, триумфирајќи во 11. коло со 98-86.
Македонскиот репрезентативец мина само нешто повеќе од десет минути на паркетот, но имаше одлична ефикасност постигнувајќи 11 поени, дополнети и со по еден скок, асистенција и една украдена топка.
Најдобар кај Милано беше Ледеј со 22 поени и седум скока, а Миротиќ заврши со 20 поени и осум скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА