Милано составува супер-тим: И Зек Ледеј потпиша за тимот на Димитријевиќ

Олимпија Милано составува одличен тим за наредната натпреварувачка сезона, откако италијанскиот суперлигаш веќе комплетираше неколку одлични трансфери.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ во следната сезона ќе биде прв плејмејкер во тимот на Еторе Месина, кој во текот на вчерашниот ден го комплетираше и трансферот на Џош Нибо од Макаби, а денеска Милано официјализираше уште едно големо засилување. Зек Ледеј се враќа назад во клубот во кој настапуваше во сезоната 2020/21, како големо засилување по трите сезони што американскиот крилен центар ги мина како еден од клучните играчи во таборот на Партизан.

Договорот со Ледеј е потпишан на две години, со можност за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона.

Се вчитува...