Милано станува српска кошаркарска колонија?

Никола Милутинов на крајот на сезоната заминува од Олимпијакос, а голема е веројатноста дека кариерата ќе ја продолжи во Италија каде ќе настапува за Олимпија Милано, пренесува „Баскет Њуз“.

За потпис на 30-годишниот центар постои сериозен интерес и од останатите евролигаши, но понудата на клубот од Милано е најпримамлива за српскиот репрезентативец кој би можел да заигра заедно со Марко Гудуриќ.

Милутинов изминатата сезона бележеше просек од 8.2 поени и 5.8 скокови на 29 одиграни натпревари во Евролигата.

Пред Олимпијакос ги бранеше боите и на ЦСКА Москва, Партизан и Хемофарм.

Се вчитува...