Англискиот премиерлигаш Манчестер сити не му понуди нов договор на Јаја Туре, па интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска сигурно ќе го напушти „Етиха“ на крајот од оваа сезона. За него постои сериозен интерес од неколку клубови од Кина, но тој сака и понатаму да остане во Европа. Оттаму можеби како прва опција се наметнува Италија, каде за Јаја Туре се интересираат двата клуба од Милано, Интер и Милан.
Неговиот агент Димитри Селук истакна дека за играчот за врска се уште постои интерес од големите европски клубови, а дека Јаја Туре не би имал ништо против дури и да се пресели на „Олд трафорд“. Сепак, тоа засега не е реална опција, туку преселба во Италија и потпис за еден од двата милански клуба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА