Струмичкиот прволигаш АП Брера е пред нов предизвик, посакува нови три бода од денешниот натпревар од 7. коло во ПМФЛ против Арсими.
Новиот прволигаш покажа дека заслужува респект, покажа и дека знае да освои на гости, па затоа струмичани се внимателни и максимално фокусирани пред овој натпревар. Искусниот играч за врска Миле Тодоров верува дека Брера може да стигне до посакуваната цел.
„Имаме млад и полетен тим, фудбалери кои имаат желба за докажување и можеби во одредени моменти ни недостасува тоа искуство неопходно за освојување бодови. Но, тоа се стекнува со настапи и со нови предизвици, а сега го пречекуваме Арсими пред нашата публика. Искрено, размислуваме за трите бода, затоа што веруваме во сопствените квалитети. Противникот има добар состав, максимално ги респектираме, но нашата цел е да ги освоиме трите бода. Ако одиграме тимски и ги исполниме задачите на стручниот штаб, верувам и дека на крајот ќе славиме“, истакна Тодоров, кој ова лето ја засили Брера од редовите на Работнички.
Натпреварот меѓу Брера и Арсими се игра на стадионот „Благој Истатов“, со почеток во 15:30 часот.
ПМФЛ – 7. КОЛО
ДЕНЕСКА (понеделник, 15:30 ч.)
Струмица: АП БРЕРА – АРСИМИ
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА
ПРЕТХОДНО
Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0
Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 3-1
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2
ВТОРНИК (23.09 – 15:30 ч.)
Битола: ПЕЛИСТЕР – БАШКИМИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

