Еден од најголемите македонски таленти, член на „златната генерација“ момчиња од репрезентацијата до 19 години, Миле Тодоров е пред разочарувачки трансфер во последнопласираната екипа од хрватската Втора лига, Новиград.
18-годишниот Тодоров, кој изминатава есен имаше и десет одлични настапи во дресот на Работнички во македонската Прва лига, веќе е приклучен на подготовките на Новиград а вчера постигна и убав погодок во ремито (1-1) на хрватскиот второлигаш на тестот против прволигашот од БиХ, Крупа.
-
Погодокот на Миле Тодоров може да го погледнете на временскиот исечок – 0:10…
Тодоров е еден од младите нашите таленти кој максимално се издвои оваа сезона со настапите за Работнички во прволигашката конкуренција. Еден е и од носечките фудбалери во селекцијата на Вујадин Станојковиќ која оваа пролет ја очекуваат елитни квалификации на УЕФА за пласман на Европско првенство.
Но, неочекувано, зимава е цврсто решен на промена на фудбалската средина. Не успеа да помине на пробата во младинскиот тим на Гројтер Фурт, па сега е пред трансфер во Новиград!?
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА