Миленикот на Клоп заминува од „Енфилд“ – кој ќе го замени?

Се поизвесно е дека Џини Вајналдум ќе замине од „Енфилд“ како слободен играч и ќе се пресели во редовите на Барселона, па во англиските медиуми се почесто се поставува прашањето кој ќе го наследи миленикот на Јирген Клоп кој од 2016 година го носи дресот на „црвените“?

Првата опција на германскиот стратег е играчот на Борусија Менхенгладбах, Денис Закарија. Швајцарскиот интернационалец следната сезона влегува во последната година од договорот и не сака да остане во Германија па доколку Борусија сака да заработи ќе мора да се ослободи од услугите на играчот за врска. Проблем за Ливерпул е интересот за 24-годишникот, кој е на мета на повеќе европски гиганти меѓу кои се и Баерн Минхен, Атлетико Мадрид и Манчестер Сити.

„Резервата“ на Клоп е Ив Бисума, 24-годишниот играч на Брајтон, кој зад себе има одлична сезона. Малиецот беше мета на Арсенал во зимскиот трансфер период, но за да остане на југот на Англија, пресуди преголемата сума од 50 милиони фунти која „Галебите“ ја бараа за својот играч.

Се вчитува...