Борац Чачак успеа да ја задржи предноста од една победа повеќе од МЗТ Скопје на дното на табелата на АБА лигата откако во претпоследниот натпревар од 20. коло на регионалното првенство славеше со 92-90 против Студентски центар во неизвесна завршница
Во текот на натпреварот српскиот и црногорскиот тим имаа свои моменти, но не успеваа да направат значајна предноста со која ќе ја превземат иницијативта. Во бројните промени на водство се се сведе во завршната минута во која тргичар беше поранешниот „штрк“ Никола Павличевиќ кој неславно го заврши краткиот престој во Скопје.
Црногорецот при резултат 90-90 на 57 секинди пред крајот на натпреварот загуби топка, а и покрај тоа што Хејл не го искористи следниот напад, Лешиќ со офанзивен скок донесе предност за составот од Чачак. Студентски центар повторно загуби топка во следниот напад, а откако не поентираше Новаковиќ, Џексон на спротивната страна беше неуспешен во обидот да донесе дополнителни пет минути.
Со 31 поен и 5 асистенции Хејл беше енигма за Струдентски Центар, додека црногорскиот тим беше предводен од Ташиќ кој запиша 24 поени и 6 скока.
Борац Чачак останува чекор пред МЗТ Скопје со пет победи, додека македонскиот преставник со триумфот против ФМП стигна до бројот четири. Во следното коло аеродромци гостуваат кај Мега, додека Борац кај Морнар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

