Миленикот на навивачите на Партизан заминува од Франција, се враќа ли во Белград?

Жофри Ловерн, францускиот центар заминува од Асвел со крајот на сезоната. Тоа го потврди самиот со порака на социјалните мрежи на која им се заблагодари и на клубот и на навивачите за фантастичните три години со што наговести ново поглавие во кариерата.

Ловрен е миленик на навивачите на Партизан, клубот за кој настапуваше од 2012 до 2014 година, а и самиот не ја крие желбата да се врати назад во главниот град на Србија. Со најавеното заминување на Брендон Дејвис навивачите веќе започнаа да сонуваат тој повторно да го облече „црно-белиот“ дрес, но шансите за тоа се минимални бидејќи желба на тренерот Обрадовиќ е ангажман на кубанскиот репрезентативец Хасијел Риверо.

Ловерн покрај за Партизан и Асвел во текот на богатата кареира настапуваше и за Шалон, Валенсија, Денвер, Оклахома, Чикаго, Сан Антонио, Фенербахче и Жалгирис.

Се вчитува...