Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, Шабаз Нејпир кој не се прослави носејќи го „црвено-белиот“ дрес на белградскиот евролигаш на 35-годишна возраст се одлуки да ја заврши професионалната кариера и да заплива во тренерските води.
Првиот ангажман ќе го има во НБА лигата каде ќе ја има функцијата помошен тренер во развојнтаа франшиза на Вашингтон Визардс во Џи-лигата.
Нејпир во богатата кариера настапуваше во НБА за Мајами, Орландо, Портланд, Бруклин, Минеоста и Вашингтон. Во Европа пак покрај оние на Црвена Звезда ги бранеше и боите на Зенит, Олимпија и Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

