Еден од најатрактивните кошаркари на сите времиња, Дерик Роуз стави крај на блескавата кариера која во НБА лигата започна во Чикаго, клуб кој сега ќе му даде и посебна почит на церемонија за придонесот, не само кон клубот, туку и кон градот.
Имено, натпреварот помеѓу Чикаго и Њујорк кој е закажан за од два часот по полноќ ноќта помеѓу сабота и недела ќе биде во знакот на Роуз кој помина седум сезони во Булс откако беше одбран како прв пик на драфтот во 2008 година.
На церемонијата ќе бидат присутни и неговите поранешни соиграчи од Чикаго, како и голем број на популарни личности кои се поврзани со градот.
Роуз не ја доживеа славата на Мајкл Џордан во Чикаго, но беше миленик на публиката. Ќе остане запомнет по МВП сезоната во 2011 година, но и тешките повреди кои го спречија да го исполни потенцијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА