Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски на крајот од годинава на прес-конференција во клупските простории со отчет за досега сработеното во клубот од финансиски и од организациски аспект.
Неделковски истакна дека и покрај тоа што при влезот на новото раководство им било презентирано дека долгот на Вардар е од 2,5 до 3 милиони евра, на крај испаднало дека Вардар должи и сума до 10 милиони евра, па за да клубот целосно биде фит, од тој аспект, ќе бидат потребни уште две години.
„Кога дојдов, реков и уште го мислам тоа дека главната битка за Вардар е финансиската, не резултатската. Од толкав куп на хартија, останаа само неколку, во овие 13 месеци многу работи се средија. Кога течеа преговори за консолидација, кон сопственикот на 85% од акциите на клубот и кон мене беше презентирано дека целиот долг е 2,5 милиони евра, и дека со тоа ако се справиме ќе излезе клубот од криза. Тогаш не ми личеше дека е вистина, и се покажа дека не е така… Имавме долгови кои сакавме да ги отпишеме кон Самсоненко од 2,5 милипни евра, но во тој случај се плаќа данокот. Така се дојде до сума од 10 милиони евра, а не 2,5 милиони како што се прикажуваше. Се должело на хотели, автобуски превози, операции, авионски карти итн… Должевме кон државата камати, рати…, кон приватни лица. Имаше коректни лица кои не сакаа да блокираат па се договоривме“ – истакна Неделковски во своето излагање и дополни:
„За да клубот комплетно биде целосно фит ќе требаат уште две години. Знаеме што не чека и подготвени сме за работа“.

Неделковски во отчетот се осврна и на организацискиот дел во клубот.
„Втората точка е организацискиот дел. Тука во кампот ни беше забранет влез, раскарани луѓе, клубот тренираше по села, по една брза и фина акција со оној кој го имаше кампот – Сергеј Самсоненко, успеавме да влеземе. Но, ништо не работеше, беше обраснато, дрва, немаше греење, кујните во лоша состојба. Па со свои пари и средства го средивме сето тоа и го направивме кампот повторно функционален. Ситуацијата со тренинг кампот е комплицирана од формално правен аспект, но верувам дека ќе направиме да стане дел од Вардар. Премногу се измешани работи, хаос кој мора да го средиме. Би сакал до крајот на мандатот барем да има една своја цигла Вардар затоа што немал никогаш“ – рече Неделковски, кој информираше дека на пат е формирање на женски фудбалски клуб Вардар.
„На пат сме на формирање на женски фудбалски клуб Вардар. Набавивме опрема, страотен медицински тим и сега сме полни како брод целиот систем функционира. Иако кампот има многи недостатоци, но тоа е сега неважно“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

