Поранешниот селектор Јошко Миленкоски и актуелниот репрезентативец Александар Љафтов, се пласираа во 1/8 финалето на Челинџ Купот на ЦЕВ, откако со нивниот ПАОК во Солин, го совладаа шпанскиот тим Сан Роке.
Миленкоски и Љафтов триумфираа и на првиот меч со 3-2, па така успешно ја минаа оваа пречка. ПАОК славеше триумф со 3-0 (25:17, 25:22, 25:22). Љафтов го заврши мечот со четири поени.
Филип Савовски и Војводина се елиминирани од Брашов. Иако имаа предност по првиот меч од 3-1, сепак, во Нови Сад на домашен терен, Војводина беше поразена со убедливи 3-0. Савовски запиша шест поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА