Селекторот на одбојкарската репрезентација на Македонија и најдобар наш тренер, Јошко Миленкоски успеа да испише историја со својот ПАОК откако триумфираше во грчкиот Супер-куп.
Екипата од Солун вечерва во исклучително драматичен меч славеше над шампионот Олимпијакос со 3-2 (27-25, 21-25, 25-20, 18-25 и 15-12).
Миленкоски веќе втора сезона е на клупата на ПАОК, тим кој минатата сезона го однесе до трофејот од Купот, а се бореше и за шампионската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА