Миленкоски: Нема што да жалиме, Чешка беше подобра во секој поглед

Во битката за третото место во групата, Чешка ја совлада Македонија оди на Србија, испраќајќи ја нашата селекција на мегдан со Италија, европски и светски првак.

Селекторот Јошко Миленкоски кажа дека победата на Чешка е сосема заслужена. Миленкоски рече дека нема никакво значење дали Македонија ќе играла против Италија или против Србија во 1/8 финалето.

„Чесите беа подобри во секој поглед, тоа е репрезенација која на последните две ЕП постигна големи резултати. Сите нивни играчи играат во полската лига, една од престижните. Нема што да жалиме, дали ќе беше Србија или Италија наш следен противник нема големо значење. Јас искрено посакував да играме со Италија, ретка можност е да се игра со светски првак. Куриозитет ќе биде на едно ЕП овие играчи да играат против најдобрите светски играчи. Она што беше најважно, имавме една прекрасна атмосфера, благодарност до поддршката, да не се разочаруваат гледачите, можеби можевме и повеќе но и заморот на крајот си го даде своето. Ако израмневме 1-1 ќе бевме во психолошка предност, вака после 2-0 тешко е да се вратиш, особено кога противникот е доста подобар и разигран. Треба да бидеме задоволни, имавме добри моменти, игравме против најдобрите, јасно во некои сетови не може да се парира кога противникот е супериорен. Жал ми е што вчера не настапи Ѓорѓиев, неговите поени недостасуваа, и мислам дека вчера бевме поблиску отколку денеска со Чешка“, вели Миленкоски.

Се вчитува...