Македонската одбојкарска репрезентација со очекуван пораз од европскиот и светски шампион Италија во осминафиналето на Европското првенство 2023 го заврши настапот на ова историско првенство во кое за првпат успеавме да стигнеме до нокаут фазата.
Селекторот Јошко Миленкоски вели дека ова беше една спектакуларна епизода од нивните животи и дека е чест што на еден турнир игравме против најдобрите две репрезентации во светот, Полска и Италија.
„Заврши уште една епизода од нашите кариери и тоа на едно спектакуларно Европско првенство. Одамна немав видено да демонстрира некој ваква сила како Италија против нас. Оваа селекција на Италија е како во кошарка САД да игра со сите НБА ѕвезди. Тие беа супериорни во многу фази од играта и бевме немоќни да сториме нешто повеќе. Во првиот сет бевме одлични, но откако тие почнаа да сервираат многу поагресивно веќе немавме шанси. Мислам дека Полска и Италија ќе играат финале на ова првенство, а ние ја имавме таа среќа и привилегија да играме против двете најдобри екипи во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА