Миленковски и неговите 14 „спартанци“ во третиот обид на ЕП по прво осминафинале!

Македонската одбојкарска репрезентација по третпат во својата историја ќе учествува на Европско првенство, овој пат и пред своите навивачи во Скопје кој е домаќин на Групата Ц од шампионатот 2023.

Третпат меѓу најдобрите во Европа за Македонија, која сега повеќе од сериозно атакува и за првпат на место во осминафиналето меѓу најдобри 16 на Стариот континент.

На своето деби Македонија во 2019 година го освои 17. место, а две години подоцна во 2021 година „спартанците“ ја освоија 23. позиција.

Македонската селекција вечерва од 20 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ го почнува Европското првенство со мечот против Данска. Селекторот Јошко Миленкоски веќе ги определи 14-те „спартанци“ кои низ петте натпревари против Данска, Црна Гора, Полска, Холандија и Чешка ќе се борат за пласман во осминафиналето кое ќе се игра во Италија.

СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ЕП 2023
1 – Дарко Ангеловски (либеро)
2 – Ѓорѓи Ѓорѓиев (техничар)
3 – Тоше Ефремов (примач)
4 – Никола Ѓорѓиев (коректор)
5 – Владо Милев (примач)
7 – Славе Наков (среден блокер)
8 – Александар Љафтов (примач)
9 – Филип Лепидовски (среден блокер)
11 – Филип Деспотовски (техничар)
15 – Филип Маџунков (среден блокер)
16 – Стојан Илиев (примач)
17 – Лука Костиќ (примач)
19 – Костадин Ричлиев (либеро)
20 – Филип Савовски (среден блокер)
селектор: Јошко Миленковски

Се вчитува...