Милер: Баерн може да го елиминира Манчестер Сити

Искусниот фудбалер на Баерн Минхен, Томас Милер верува дека неговиот тим и натаму има шанси да го елиминира Манчестер Сити во 1/4 финалето во Лигата на шампионите. Сити има 3-0 после првиот натпревар, а реваншот е во среда во 21 часот, со што Баерн ќе мора да триумфира со три разлика, ако сака да го продолжи сонот за 1/2 финале.

Милер кажа дека неговиот тим за таа цел ќе мора да постигне еден гол во првиот дел.

„Верувам дека имаме шанси да се пласираме во полуфиналето во Лигата на шампионите. Мораме добро да го почнеме натпреварот, можеби да постигнеме барем еден гол во првиот дел. Не мораме после првите 10 минути да водиме 3-0, но мораме да дадеме барем еден гол во првиот дел. Ако потоа постигнеме уште еден до 80. минута, а не примиме ниту еден, ќе имаме уште 15 минути. Верувам дека се е можно“, рече Милер.

Се вчитува...