Томас Милер сериозно размислува за заминување од Баерн Минхен откако германскиот ас добил неверојатна понуда за преселба во Кина. Германските медиуми понудата ја оценуваат како „непристојна“, бидејќи изнесува 75 милиони евра за тригодишна верност кон клубот чие име се држи во тајност.
Тоа е повеќе од двојно повисока сума од онаа што Милер ќе ја заработи во Баерн во наредните три сезони, па јасно е зошто овој фудбалер сериозно ја разгледува опцијата за преселба на Далечниот Исток. Тој во текот на минатата сезона беше избришан и од репрезентативниот список, не е најстандарден ниту во Баерн кај тренерот Ковач.
Баерн сигурно ќе бара најмалку 30 милиони евра за својот фудбалер, пари што потоа баварскиот гигант би ги искористил за ангажман на Тимо Вернер од Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА