Томас Милер се запиша меѓу стрелците на отворањето на клупскиот мундијал, во убедливиот триумф на Баерн над Окленд, по што германскиот ветеран доби интересна понуда, по завршувањето на клупското СП воопшто да не се враќа во Германија, туку да остане во американската МЛС-лига.
Милер од 14 јули и официјално ќе стане слободен играч откако Баерн реши да не му го продолжи договорот, а челниците на Синсинати се подготвени да му понудат богатство за да остане да игра во САД до крајот на кариерата.
„Имавме разговори со Томас Милер, како и со неговите агенти. Знаеме дека има заинтересирнаи клубови, но понудата што му ја дадовме е навистина добра. Знаеме каков е фудбалскиот бизнис, но би било одлично кога Милер би дошол кај нас. Ние сме клуб со богата историја, клуб способен да освојува трофеи, а во Томас би добие роден победник. Не се сомневаме дека одлично би се вклопил во нашиот проект“, изјави првиот човек на Синсинати, Џеф Бердинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

