Екс фудбалерот на Баерн Минхен и на германската репрезентација Томас Милер, зборуваше за можноста неговата родна земја да го освои трофејот во Светското првенство оваа година кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.
Тој кажа дека верува во потенцијалот на Германија, но потенцираше дека и натаму не е подготвена за трофеј од ова натпреварување.
„Мусиала, Вирц, Волтемаде се супер талентирани играчи и фантастични фудбалери, но чувствувам дека не се зрели за трофеј од Мундијалот“, изјави Милер за „Скај“.
„Имам измешани чувство во врска со репрезентацијата. Германија може да победи секого, но може да изгуби од секого. Тоа е моето чувство“, рече Милер.
Играчот верува дека селекцијата мора да има и искусни играчи, кои се лидери во своите клубови.
„Како фудбалска нација, се надевам дека ќе имаме стабилност и ќе имаме играчи не само со потенцијал, туку и такви кои се лидери во своите клубови, како што се Кимих или Ридигер“, заврши Милер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

