Милер и Ридигер ќе бидат подготвени за првиот меч на СП

Томас Милер и Антонио Ридигер ќе бидат подготвени за првиот натпревар на германската репрезентација против Јапонија на Светското првенство во Катар.

Ова го соопшти Ханси Флик, тренерот на „панцирите“, иако и двајцата играчи нема да играат против Оман поради повреда.

„Томас почна со лесни тренинзи уште во Минхен, Ридигер е во фаза на опоравување. Ни требаат и одлично е што ќе можам да сметам на нив од самиот почеток“, изјави Флик.

По Јапонија, Германија во дербито од групата Е ќе се соочи со Шпанија, а во последното коло ќе игра со Костарика.

Се вчитува...