Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер дојде до победата број 101 во Лигата на шампионите, откако неговиот тим го совлада Копенхаген како гостин во вчерашниот меч на „Паркен“.
Така 34-годишниот играч на „Баварците“ дојде до втората позиција по бројот на победи во ЛШ, израмнувајќи се со легендата на Реал Мадрид, Икер Касилјас. Прв на оваа листа е Кристијано Роналдо, кој има 115 победи во најелитното европско натпреварување.
На Милер му требаат уште 14 победи да избие на првото место, а со оглед на годините прашање е дали ќе успее да одигра толку натпревари во „елитата“.
Most Champions League Matches wins of all time
Thomas Muller 🤝 Iker Casillas (101)
Dear Cristiano Ronaldo (115) we’re coming…🕺🤟 pic.twitter.com/utO6bdsbBd— 𝕯𝖎𝖊 𝕽𝖔𝖙𝖊𝖓🤟 (@FCBRebel01) October 3, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА