Томас Милер и Роберт Левандовски не беа на посакуваното ниво, одбраната ја загуби цврстината со излегувањето на Боатенг, па Баерн Минхен не успеа да го задржи почетното водство и втора година по ред претрпе идентичен пораз од Реал Мадрид. Во една таква ситуација, разочараноста во таборот на баварскиот гигант е сосема разбирлива.
„Ако ја гледате целата средба, кога се ќе се собере – бевме наивни и затоа загубивме. Првиот гол на Реал беше чуден, вториот го примивме од индивидуална грешка, а во меѓувреме ние промашувавме шанси на спротивната страна. Можеше да биде најмалку 2-0, а потоа набрзина резултатот стана 1-2. Секако дека сме разочарани, но нема да се откажеме, знаете што се случи лани во Мадрид, подготвени сме повторно да го победиме Реал на негов терен“ – изјави Томас Милер по денешниот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА