Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години од денеска па до 29. март во Лисабон, Португалија ќе учествува на УEФА квалификациски турнир (Лига А).
Нашата млада репрезентација во првиот натпревар во групата денеска загуби со убедлив 0-13 од Германија.
Избраничките на Катерина Милеска на 26. март играат со Португалија, а во последното коло, кое е на програмата на 29. март, играме против Унгарија.
Селекторот на младата женска селекција на Македонија до 17 години, Катерина Милеска за овој турнир се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Ведрана Комненова, Мери Васева;
Одбрана: Слаѓана Ѓорѓиева, Ива Јованоска, Мина Коваческа, Елена Љондевска, Михаела Марковска, Мила Панева, Катерина Петкова;
Среден ред: Теона Галабовска, Ива Јосифова, Рона Рустеми, Никица Трендова, Васка Василева, Ева Величкова;
Напад: Ана Борзоска, Мелиса Милица Димитриски, Анастасиа Илиевска, Настасја Накова, Јована Павловска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА