Милеска: Верувам дека младите наши фудбалерки може да се изборат за елитна фаза од квалификациите за ЕП

Женската репрезентација на Македонија до 17 години изминатиов период реализираше тренинг камп во Кичево, каде што интензивно се подготвуваше за претстојните натпревари и предизвици што ја очекуваат.

Селектор на женската репрезентација на Македонија, Катерина Милеска е задоволна од сработеното во Кичево нагласувајќи дека верува сето тоа да допринесе за квалитетни настапи во претквалификациите за пласман на ЕП и пласман во елитната фаза од квалификациите.

„Овој тренинг камп го организиравме со цел да се провери моменталната форма на репрезентативките. Покрај тоа, работевме и на воигрувањето, имаме една нова генерација на млади фудбалерки која треба да го поднесе товарот на следните квалификации, кои се во октомври во Косово. Во нашата група се наоѓаат селекциите на Косово, Грузија и Ерменија. Се надевам дека ќе успееме да оствариме пласман во следната елитна фаза на квалификации” – вели Милеска.

Милеска на кампот располагаше со следните фудбалерки:

Голмани: Ведрана Комненова (Скопје), Ангела Блажева (Тиверија);

Одбрана: Мина Коваческа (Атлетико), Емилиа Блаежевска (Скофтебин), Ангела Димчова (Тиверија), Михаела Марковска (Топ Гол), Михаела Додевска (Топ Гол), Кристина Крстева (Скопје), Мила Панева (Скопје);

Среден ред: Елена Симјонова (Љуботен), Ева Конева (Скопје), Васка Василева (Тиверија), Никица Трендова (Цевитана), Тамара Нешковска (Атлетико), Канита Емини (Скопје), Теона Галабовска (Тиверија), Ева Величковска (Љуботен), Теодора Настова (Скопје);

Напад: Меланија Грозданова (Скопје), Ана Боризоска (Цевитана), Андреа Коловска (Љуботен), Настасја Накова (Скопје), Калина Попески (Црвена Звезда), Леонора Велкоска (Атлетико).

Се вчитува...