Милев: Атак на најмалку два сета против Турција за пласман на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација денеска ќе го одигра вториот натпревар против Турција, последниот од квалификации на патот до Европско првенство 2021. Зад нас веќе имаме две победи, но и тие во целост не гарантираат сигурен пласман меѓу најдобрите репрезентации од Европа.

Во изјава за ЕКИПА, Владо Милев потенцираше дека вечерва нашите одбојкари ќе мора да прикажат најдобара игра со цел да обезбеат што е можно подобар резултат против Турција.

„Против Турција ќе влеземе порастеретено, без голем притисок како на првиот меч, зошто веќе ги имаме неопходните две победи против Босна и Херцеговина. Можеме да се поправиме многу во нашата игра, како во приемот на сервисот, така и во квалитет на нашиот сервис. Ветувам дека ќе се бориме за секој поен. Ако можеме да освоиме два сета против Турција, тогаш ќе имаме реални шанси да бидеме меѓу најдобрите второпласирани репрезентации кои обезбедуваат пласман на ЕП“ – изјави Милев.

Натпреварот со Турција се игра од 18 часот во Спортскиот центар Борис Трајковски.

Се вчитува...