Милев: Чешка не е на рангот на Полска и Холандија, одиме на победа на овој меч

Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва ќе се сретне против Чешка во директниот дуел за 3. место во групата во Скопје и одбегнување на актуелниот светски шампион Италија во осминафиналето.

Искусниот Владо Милев пред мечот со Чешка вели дека Чешка не е на рангот на Полска и Холандија и дека можат да се надигруваат со неа.

„Чешка е добра репрезентација, но не е на рангот на Полска и Холандија. Нашата шанса ја гледаме против нив како би ја избегнале Италија. Не не посака баш и среќата поради повредата на капитенот Ѓоргиев кој многу значи на нашата екипа. Сметам дека ако тој биде подготвен може да очекуваме победа. Сепак, што е тука е наше е да дадеме максимум во кој состав и да играме“, изјави Милев. 

Натпреварот меѓу Македонија и Чешка со кој ќе се затвори групната фаза во Скопје ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 20 часот.

Се вчитува...