Македонските одбојкари в недела во вториот и одлучувачки натпревар од квалификациите ја пречекаат Грција во Скопје во битката за осигурување ново учество на Европско првенство.
Со триумф над Грците, Македонија сигурно обезбедува четврто по ред за себе учество на ЕП. Владо Милев верува дека нашите одбојкари може да извојуваат победа со која во голема мера веќе ќе е осигуран настапот на ЕП.
„Ги започнавме добро квалификациите со убедлива победа над Грузија, а сега против Грција сме со меч топка за пласман на ЕП. Имаме голема шанса четврти пат по ред да учествуваме на Европско првенство и треба да ја искористиме. Формата е на вистинско ниво, добро се подготвуваме за клучниот дуел во овие квалификации. Знаеме дека не очекува силен противник, но со добра мотивација и со поддршка од навивачите имаме големи шанси за нов успех и да се продолжи континуитетот настапи на собирот на најдобрите на Стариот континент“ – вели Милев.
Одбојкарската федерација на Македонија одлучи влезот за натпреварот во „Јане Сандански“ кој во недела се игра од 20:15 часот да биде слободен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА