Македонската одбојкарска репрезентација со победа од 3:1 над Босна и Херцеговина ги почна квалификациите за Европското првенство 2021. Очекуваниот триумф над БиХ дојде по едно грчевито отворање на мечот, па во изјава за ЕКИПА.МК, Владо Милев даде своја анализа за овој натпревар.
„Се обидовме да фатиме ритам и да дојдеме до посакуваните бодови. Играчите на Босна и Херцеговина играа на се’ или ништо, тие беа многу мотивирани зошто знаеја дека нема што да загубат. Против ваквите репрезентации е најтешко да се игра“, изјави Владо.
Македонија во среда ќе го одигра и вториот меч од првиот квалификациски турнир. Од 18 часот се среќаваме со фаворитот Турција, а Милев вети дека нашата репрезентација ќе излезе многу по мотивирана и по подготвена со цел да обезбеди уште една значајна победа.
„Против Турција ќе бидеме повеќе мотивирани, нашиот тим има направено анализа и имаме подготвено тактика како да пристапиме на овој натпревар. Во нашиот тим мора да го подобриме сервисот и приемот на противничкиот сервис, само така може да се надеваме на победа“, заклучи Милев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА