Милевски: Немам дилеми за составот, ќе им кажам на момците само да уживаат на натпреварот!

ЕКИПА во Палермо, Италија

Владимир Булатовиќ

Македонскиот селектор Боби Милевски оптимистички настапи на прес-конференцијата пред утрешниот историски натпревар со Италија во полуфиналниот бараж за пласман на СП 2022, потенцирајќи дека неговите избраници располагајќи со сиот свој досега докажан квалитет нема што да загубат од пресметката со актуелниот европски шампион. А, секако Македонија може многу да добие.

Македонската репрезентација претходно обезбеди учество на ЕВРО 2022, но пласман на Светско првенство преку бараж со репрезентација на Италија, е онаа вистинската историска тежина кога се работи за македонскиот фудбал.

„Секогаш сум реален кога ги поставувам целите пред мене. Знам дека Македонија има и квалитет и потенцијал во блиска иднина да бидеме многу поблиску до европскиот крем на начин како што доликува за македонскиот репрезентативен фудбал. Не можам да кажам дали тоа ќе дојде во блиска иднина, но сигурен сум дека нашата интенција ќе биде да го достигнеме тоа“ – истакна македонскиот селектор Милевски на прес-конференцијата во Палермо.

А, околу составот кој утре ќе се спротистави на Италијанците…

„Немам дилеми околу составот, и се надевам дека само дека сите ќе бидат подготвени за утрешниот предизвик. Овие момци покажаа дека заслужено се тука, со самиот пласман во бараж, а сега за нив останува само да уживаат во натпреварот“ – дополни македонскиот репрезентативен предводник.

Околу тоа што може да очекуваме од утрешниот дуел, селекторот Милевски со став…

„Околу тоа како треба да играме со Италијанците за да дојдеме до позитивен резултат нема рамка, затоа што секој противник си бара посебни и детални анализи околу пристапот. И секако не може да се споредат оние претходни меѓусебни натпревари со утрешниот противник, затоа што сега е еден сосема друг предизвик со сосема поголема тежина“ – вели македонскиот селектор.

Се вчитува...