Милевски: Австријците се добро анализирани, посакуваме триумф

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година утре, со почеток во 13 часот, го игра следниот квалификациски натпревар, а ривал е селекцијата на Австрија. По срамот со Гибралтар, ова е убава можност за младите фудбалери да покажат дека тоа беше само слаб ден, и да им се вратат на победите. Нема да биде лесно, но Австрија е добро анализирана.

bobi milevski-press 13.11 (5)

„Австрија е добро анализирана, се подготвивме добро и очекувам да одиграме квалитетен натпревар. Мечот со Гибралтар е веќе заборавен, фокусирани сме максимално на новиот предизвик и се надевам дека ќе ја исполниме целта. Австрија има свои квалитети, тоа е повеќе од јасно, но ние сме фокусирани на нашето издание“, вели селекторот Благоја Милевски.

 

Се вчитува...