Македонската репрезентација утре во рамки од 3. коло во квалификациите за Светско првенство, игра против првиот фаворит во групата, селекцијата на Белгија.
Селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ ги искажа своите очекувања во мечот со Белгијците.
„Анализите се направени, секако дека не треба да се зборува за квалитетот на Белгија, кој години наназад е на самиот врв на европскиот фудбал, но од друга страна Македонија покажала дека знае и умее да го даде максимумот и против вакви селекции. Мораме максимално да бидеме подготвени на повеќе на нашиот натпревар и ќе видиме што ќе ни донесе утрешниот меч“, вели Милевски и дополнува:
„Овој јунски период ни е години наназад некако проблематичен. Што се однесува до сега, јас кажав дека мораме да го смениме тој менталитет. Тоа што го видов во изминатите седум дена, ми дава за право да бидам оптимист дека овој јуни ќе биде поинаков, дека менталитетот на играчите е спротивен од оној како до сега, одлична атмосфера, одлична енергија како предуслов да бидеме на нашиот максимум. Без разлика на проблемите кои ги имаме со играчкиот кадар, можеме да дојдеме до позитивен резултат. Индивиуалниот квалитет е на страна на Белгија, но тимот го носи позитивниот резултат“, вели Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

