Милевски: Чурлинов има здравствени проблеми, му посакувам брзо опоравување

Селекторот на националниот тим Благоја Милевски, на прес-конференција го образложи списокот со кој Македонија ќе се спротивстави на двата натпревари против Украина во Скопје и против Англија во Манчестер.

Милевски најпрво им посака брзо опоравување на Чурлинов и на Миовски. За Чурлинов кажа дека имал здравствени проблеми и дека е на лекување во Белград, додека Миовски доби повреда по еден остарт старт од противнички фудбалер во шкотскиот шампионат.

„Најпрво да им посакам брзо опоравување на Дарко Чурлинов и на Бојан Миовски. Дарко и натаму е сместен во клинички центар во Белград и има здравствени проблеми и му посакувам брзо опоравување“, рече Милевски и додаде:

„Што се однесува до списокот, има еден дебитант. Сефер Емини со игрите заслужи да биде дел од тимот. Останатите се истите оние кои беа дел од мартовските натпревари. За жал сме без двајца важни играчи во нападот, но нема да се жалиме. Сите оние кои се тука се најдобрите и се во комбинација за настап. За нападот ќе видиме кои играчи ќе играат во првите 11“, рече Милевски.

Се вчитува...