Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски денеска во хотелот „Хилтон“ во Скопје го означи почетокот на подготовките за стартот на квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.
Милевски ги пречека репрезентативците низ максимално позитивна атмосфера со силни верувања за позитивен старт на квалификациите за ЕВРО 2024 во кои Македонија е во исклучително тешката група заедно со Англија, Италија, Украина и Малта.
На денешниот прв собир ќе недостасуваат неколку повикани репрезентативци, кои поради обврските во клубовите, ќе се приклучат во текот на утрешниот ден.
Денеска, пак, од 19 часот на тренинг центарот на ФФМ оние пристигнатите ќе го одработат и првиот тренинг на собирот пред дуелот со Малта кој го играме на 23. март на арената „Тодор Проески“ во Скопје. За време на мартовскиот собир, Македонија уште на 27. март ќе одигра пријателски натпревар со Фарските острови во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА