Македонските репрезентативци попладнево на стадионот во Бидгошч го одработија последниот, официјален, тренинг пред утрешниот натпревар со Србија во рамките на 2. коло од Групата на Европското првенство во Полска.
Селекторот Благоја Милевски ги „размрда“ младите фудбалери во очекување на утрешниот дуел на кој се посакува, повторување во добар дел на играта од дуелот со Шпанците, но секако не и на резултатот…
[new_royalslider id=”693″]
Стадионот во Бидгошч, каде утре од 18 часот го играме дуелот со Србите, е со капацитет од околу 20.000 седишта, реновиран во 2011 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА